Вечерва (6 декември), со почеток во 22 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи претпремиерата на новата театарската престава на Театар Фабрика „Свадба“ од Чехов, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Инаку, главната премиера ќе се одржи утревечер (недела), со почеток од 20 часот.
„Дали точно определените принципи кои ни покажуваат како треба да живееме и денес функционираат за доброто на народот? Колку луѓето се способни да погледнат во историјата и да ги селектираат полезните работи кои ни помогнале да бидеме подобри и не направиле да бидеме она што сме денес. Можеби треба да направиме тежок и подолг чекор за да го фатиме времето во кое живееме или во кое подоброод нас живеат другите луѓе“, вели режисерот Ризески.
„Свадба” е втора претстава во продукција на Театар Фабрика, која говори за малограѓанството и неговите своеволни неправилни принципи на живеење на животот.
Улогите ги толкуваат Теоман Максут, Ѓорге Попов, Миа Кантарџиева, Емине Халил, Бобан Алексоски, Ангела Димитрова и Горан Ников.