Со слоганите „Не сме ваши полтрони“ и „Есктерно за владата“, активистите на студентската иницијатива Студентски пленум поставија транспаренти пред штабовите на партиите ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Битола. Со акцијата што ја спроведија доцна синоќа, Студентски пленум сака да се огради од партиските влијанија за новиот марш против државниот испит закажан за во среда (10 декември).
Претходно, Студентски пленум објави видео во кое го покажуваат своето незадоволство од, како што велат, „лошите реформи“ во образованието и од односот на властите кон нив, кој ги тера да ја напуштат државата.