Овогодинешниот настан „Ние сме најдобри – сите во акција за безбедни училишта“ ќе се одржи од 09 до 13 декември на повеќе локации.
На фестивалот средношколците ќе се претстават и натпреваруваат по пријавените категории – музика, театар, мода, танц, филм и фотографија, при што 70 средношколски тимови од 15 скопски средни училишта ќе ги прикажат пред публиката своите настапи кои ги подготвија со помош на своите професори – ментори.
Средношколците имаа задача да креираат уметнички производи кои се инспирирани од културата на ненасилието и здравата и чистата околина. Финалниот перформанс ќе се одржи во сабота во 19:30 часот во Универзална сала, каде училиштата ќе се претстават со своите креативни сценски настапи по што жири комисијата ке ги прогласи најдобрите во секоја категорија.
Според организаторите, долгорочното влијание и резултат наоваа редношколска иницијатива е да даде современ придонес кон остварувањето на креативна и конструктивна комуникација и соработка помеѓу средношколците, средните школи, средношколските организации и асоцијации, невладините организации, фирми и бизниси, како и локалната самоуправа во Скопје и Македонија.
Проектната иницијатива „Ние сме најдобри“ е во организација на Градот Скопје, Универзалната Сала – Скопје и НВО Центар за креативен развој – Скопје, е поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Македонија Експорт Консалтинг, ПАКОМАК и ЈУ Зоолошка градина – Скопје.