Центрите на заедницата на општините Струмица, Струга и Центар со цел да ја афирмираат идејата за социјално претприемништво организираат обуки за млади на тема „Промовирање на социјален бизнис меѓу младите“.
Учесниците на обуката ќе имаат можност да ги научат основите за започнување на социјален бизнис и да разберат како се создаваат социјални промени преку социјалниот бизнис. Обуката ќе ја реализираат предавачи од ЗИП Институт.
За младите од Струмица обуката ќе се одржи на 18 и 19 декември (четврток и петок) во просториите на Центарот на заедницата на општина Струмица. Во Струга обуката ќе се одржи на 22 и 23 декември (понеделник и вторник) во хотел Дрим-Струга, а во Скопје во хотел Тимс на 24 и 25 декември (среда и четврток).
Заинтересираните млади (до 30 години) од општините Струмица, Струга и Центар пријавата за учество како и повеќе информации за обуките може да погледнат на следниот линк.
Центрите на заедницата се дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој партнерски го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија и општините Струмица, Струга и Центар.