Толпата од неколку илјади студенти стигна пред Собранието. Таму со ракоплескање беа пречекани од поголема групи граѓани.
Како што јавуваат репортерите на Радио МОФ овој протест е помасовен од претходниот, кога излегоа околу 3 000 студенти.
Претходно големата толпа млади луѓе застана на улицата пред хотелот „Холидеј ин“ каде ја пееја во еден глас песната „Скопје радост ти ќе бидеш“.
Во текот на целиот марш, на македонски и на албански јазик студентите ги повикуваат останатите граѓани да дојдат и да им се придружат.
Маршот продолжува кон Влада.