Повеќе од пет илјади студенти стигнаа пред зградата на Владата каде ги кренаа своите индекси и прашаа која сила сега ќе ги сопре студентите.
„Екстерно за Владата“, „Ние сме силата“, „Доста беше молк“ се само дел од паролите кои тие ги извикуваат овде.
Голем дел од студентите се недостапни поради проблеми со телефонските линии. Проблеми има во мрежата на Т мобиле и кај корисниците на ВИП операторот.
Маршот тргна денеска напладне од платото кај УКИМ, преку Собранието, за да студентите да стигнат на своето крајно одредиште – пред македонската влада.