Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ објави видео покана за настанот кој ќе се одржи на 28 декември, во чии рамки граѓаните ќе го изразат својот револт и отпор против намерата на властите да изградат нова, барокна фасада на објектот на Градскиот трговски центар. Во видеото, познати архитекти, ликовни уметници, актери, режисери, новинари и други јавни личности ја изразуваат својата поддршка за иницијативата „Го сакам ГТЦ“.