Граѓанската иницијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР Скопје, годинава по седми пат се приклучува кон глобалната акција за солидарност во пресрет на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници 17-ти декември.
Маршот на црвениот чадор ќе се одржи во среда (17 декември) во 12 часот и ќе тргне од пред кафе барот „Play“ на улица Македонија.
Според организаторите, маршот и пркоси на небезбедноста, и претставува портрет на оние кои ги креираат судбините на сексуалните работници и живеат еден поинаков свет во своето Скопје, за разлика од сексуалните работници кои ја издржуваат грубоста на улиците.
Иницијативата за овој ден доаѓа од Д-р Ени Спринкл по извршениот масакр врз сексуални работници во Грин Ривер. Откако бил фатен сторителот на масакрот Ели Спринкл изјавила: „Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме сите ние на моите сестри – сексуални работници, кои умреле толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме додека нашите сестри сексуални работнички не се безбедни на улица, ниту дома”.
Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената е боја на убавината, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа и слично, велат од здружението СТАР-СТАР.