Повеќе од 250 000 твитови, односно неколку стотици во минута со хаштагот #illridewithyou (Ќе се возам со тебе), ја преплавија социјалната мрежа Твитер во последното деноноќие.
Откако заврши 16-часовното заложништво во една кафетерија во Сиднеј, при што загина човекот кој со пиштол им се закануваше на луѓето и уште двајца од заложниците, се појави страв од исламофобија, односно омраза кон муслиманските Австралијанци бидејќи заложникот бил со муслиманско потекло.
Сепак, корисниците на Твитер почнаа да твитаат со хаштагот #illridewithyou со цел да покажат дека овој чин не смее да биде причина да се мразат сите муслимански Австралијанци.
Приказната за хаштагот најпрво се појави на Фејсбук која Австралијанката Рејчел Џејкобс се возела со воз и покрај неа седнала жена за која претпоставила дека е муслиманка. Таа скришно сакала да ја симне марамата (хиџаб) од нејзината глава од страв да не биде таргетирана.
„Ја сретнав на железничката станица. И реков, врати ја назад. Јас ќе одам со тебе. Таа започна да плаче и ме прегрна, а потоа продолжи да чекори сама“, пишуваше на нејзиниот пост на Фејсбук кој потоа послужи за корисничката на Твитер, @sirtessa да ја спомене во својот пост.
Веднаш после тоа, хаштагот многу брзо почна да се шири низ социјалната мрежа достигнувајќи бројка дури повеќе од 250 000 твитови за едно деноноќие.
Anyway. #373 bus between Coogee & Martin Place. #illridewithyou @ me if you just want to wear your headdress & not be bothered. — Sir Tessa (@sirtessa) December 15, 2014
#Australia you have set an example to the world. #illridewithyou pic.twitter.com/5kwR5kJnBL
— i wanna (@americanoshizzz) December 16, 2014
#IllRideWithYou = a good reminder about what it means to extend our circle of compassion to those unlike ourselves. pic.twitter.com/02ZjJ9uWQS
— Matthew Prescott (@MatthewPrescott) December 16, 2014
Hashtag for Muslim community is helping, criticism is not #illridewithyou http://t.co/gfbkha9fTT pic.twitter.com/sMlTqcKPM2
— The Age (@theage) December 16, 2014