Сексуалните работнички, активисти и претставници на невладини организации со црвени чадори во рацете денеска маршираа низ Скопје за да побараат подобар третман од институциите и остварување на своите права.
Тие се движеа од улицата „Македонија“, преку плоштадот и Камениот мост, за да стигнат до плоштадот „Карпошово востание“. Годинава по седми пат граѓанската иницијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР Скопје, се приклучи кон глобалната акција за солидарност во пресрет на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници 17-ти декември.
Фотографиите ги направи Ванчо Џамбаски.