Најстарата рок манифестација во Македонија – Рок фест, кој се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје, ги додели награди за јубилејното, 30-то издание. На првата фестивалска вечер настапија бендовите Koлт, Визија, Cмoук Шејкерc, TB рејџ и Пaлиндpoм, како и гостите на вечерта, Serpentine fire.
Бендот ТB pejџ од Куманово ја доби наградата од жири комисијата за најдобар бенд и ќе добијат снимање на еден сингл во студиото „Rock ‘n’ Roll”, додека за најдобар гитарист беше прогласен Марко Џамбазоски од бендот Визија кој уште вечерта од МКЦ си замина со нова електрична гитара „Yamaha”.
Во рамките на Рок фест, во фоајето на МКЦ имаше и изложба на фотографии, плакати и летоци од досегашните изданија на фестивалот, кои можат да се погледнат и вечерва, кога ќе се случува ревијалната вечер на Рок фест каде што ќе настапат Јаков Дренковски, Барбарела, Памперс и 9 Weeks.