Речиси на сите ни е позната сликата каде покрај електронските уреди има еден куп кабли кои се испреплетени и создаваат неред. Oсвен естетскиот проблем, тие создаваат и прашина на подот. Сепак, постојат неколку трикови со кои ќе можете да го надминете овој проблем во својата куќа, стан или канцеларија.
Еден од овие начини е преку изолир-хартија и растение да се маскираат каблите и на креативен начин да се реши проблемот.
Вториот трик е покреативен и уште подобар, но за него ќе морате да имате специјална опрема за организирање на кабли.