Велосипедистите од неформалната група #ТетовоНаТочак, втора година по ред, предновогодишно, заедно со Дедо Мраз на точак ќе возат низ градот на 21. Критична маса.
Возењето е закажано во сабота (27 декември). Зборното место е Градскиот плоштад во Тетово во 12 часот, а крајната дестинација е Центарот за едукација и рехабилитација на деца со потешкотии во развојот „Виножито за сите” каде ќе бидат донесени изненадување за малите дечиња.
„Во најава ни е и снегче, затоа шалчињата, нараквиците и да го свртиме Тетово заедно!“, велат тетовци.