Репортерите на Радио МОФ денеска на терен ќе го следат студентскиот протест кој ќе започне во 14 часот пред Владата на Република Македонија.
Со редовни ажурирања, преку „блог во живо“ ќе известуваме за сите случувања во текот на протестот.
Од „Студентски пленум“ очекуваат дека овој протест ќе биде најмасовен досега. Ова е трет протест на студентите во Скопје, а втор на студентите од Битола кои во 14 часот ќе протестираат пред Техничкиот факултет во Битола.
16:05
„Следен протест во понеделник пред Собрание, ќе им покажеме дека нема да им пројде“, порачаа студентите пред Владата.
Тие го прогласија и овој протест за успешен, како и претходните два марша кои собраа повеќе од десетина илјади студенти. Присутните полека го напуштаат просторот пред Владата.
15:38
Студентите фрлија копии од Уставот на Република Македонија пред Владата, за, како што велат, таа да го прочита. Исто така, сите студенти го кренаа средниот прст, за „Курир да ги заокружи подобро“, додека на сцената рапуваше Да Џака Накот. Еден од студентите потоа го читаше говорот од филмот “V for Vendetta” и порача дека за „три дена ќе се видиме пред Парламентот и ќе направиме никогаш да не ја заборават 2014“.
15:26
Во име на професорскиот пленум свое обраќање пред присутните имаше Артан Садику, кој истакна дека професорите и граѓаните се солидаризираат со студентите.
„Студентите досега учеа од професорите, но сега професорите учат од студентите. Затоа ова нема да им поминe, рече Садику
15:18
Фото: настап на бендот „Визија“ пред студентите
14:43
[Видео] Атмосфера на протестот пред Владата
14:33
„Студенти, студенти, независи и силни“ „Нема правда, нема мир“ се дел од паролите кои се извикуваат на протестот. Студентите ги повикаа и професорите на бина за да си го кажат своето мислење.
14:22
[Фото] И кучето Борко е дел од денешниот протест.
14:10
Почнува студентскиот протест пред Владата.
„Ние сакаме вистински реформи и реална дебата – стоп за лошите реформи“ , порачаа од бината пред Влада претставниците на Студентскиот пленум и замолија присутните да го зачуваат редот и мирот за време на протестот.
13:50
[Фото] Студентите се собираат пред Влада извикувајќи „Уа“. Најголем дел од нив доаѓаат преку мостот „Гоце Делчев“, јавуваат репортерите на Радио МОФ. Бината пред Влада на која според најавите од “Студентски пленум“ ќе има настап на повеќе музички групи и ќе се држат говорите, веќе е поставена.
13:40
[Фото] Полицијата ги обезбедува улиците
*пред студентскиот дом „Гоце Делчев“
13:22
[Фото] Студентите се подготвуваат за протест
13:12
На итна седница која денеска ја одржа Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ било решено да се побара одложување на процедурата за пакетот измени на Законот за високо образование со кои се воведува државен испит, предложен од Владата.
На барањето се потпишале ректорот, проректорите и сите 23 декани и директори на институции што присуствувале на состанокот.
13:00