„Студенти, студенти, независни и силни“ „Нема правда, нема мир“, „Доста се криете“ се дел од паролите кои се извикуваат на протестот.
Пред Владата покрај скопските има студенти од повеќе македонски градови како Битола и Тетово. Студентите ги повикаа и професорите на бина за да си го кажат своето мислење.
Еден час пред закажаниот студентски протест стотина професори од различни факултети на Филозофскиот факултет при УКИМ и официјално го оформија Професорскиот пленум и истакнаа дека нивните студенти можат да сметаат на нивната максимална поддршка. Потоа тие се упатија кон Владата .
Во продолжение дел од атмосферата на протестот преку фотографии:
Фото: Анте Гулин/Радио МОФ