Професорски контра-пленум со поддршка на државниот испит

Околу 200 професори меѓу кои Тања Каракамишева, Аце Миленковски,Љубиша Георгиевски, Виктор Камилоски се потпишаа за поддршка на предлогот за државен испит за студентите , со што директно се спротивставија на барањата на десетината илјади студенти кои протестираат против ваквата реформа и се поддржани од Професорскиот пленум, но и од познати професори и филозофи како Славој Жижек,  Среќко Хорват, Мајкл Харт,  Игор Штикс.

Писмото на професорите потпишани на иницијативата за поддршка на државниот испит, кое го пренесуваме интегрално, е објавено на порталот „Прес 24“:

1. Знаењето е основната движечка сила во секоја професија. Знаењето е клучната енергија што го движи светот напред. Како одговорни граѓани, не смееме да останеме неми пред обидите за тесна политичка манипулација на високото образование во Република Македонија.

2. Цврсто убедени дека воведувањето на државниот испит во високото образование ќе ја исполни основната и единствена цел заради која се воведува, со индигнација ги отфрламе сите инсинуации дека со воведувањето на државниот испит се правел упад во автономијата на универзитетот.

3. Автономијата на универзитетот секогаш била и мора да остане тесно поврзана со начелото на јавната одговорност на универзитетите во однос на заштитата и развојот на општеството и на државата.

4. Високото образование е неспорна државна одговорност! Европските трендови во однос на автономијата на универзитетите е дека таа може да биде одржлива единствено и само преку ефективните механизми на економската одржливост, која, пак, е зависна категорија од вредностите и услугите што универзитетите му ги испорачуваат на пазарот на трудот. Колку повеќе знаење во високообразовниот систем, толку е поуспешна државата! Современиот концепт на автономен универзитет е концепт на пазарно-ориентирана автономија! Република Македонија мора да го следи овој тренд! Друг избор не постои. Нема економски раст без соодветен раст на образованието! Не смееме да го премолчиме фактот дека суштината на модерната дебата за автономијата на универзитетот и академската слобода се врти околу прашањето за новите форми на одговорност што универзитетите ги имаат кон државата, кон општеството, како и посебната одговорност кон корисниците на универзитетските услуги. Универзитетите во модерниот свет се рамноправни, а не привилегирани институции во системот.

5. Предлог-моделот за воведувањето на државниот испит во високото образование не е спротивен на македонскиот устав и во ниту еден сегмент не ја повредува уставно-загарантираната универзитетска автономија. Државниот испит ќе го спроведува Одборот за акредитација и евалуација на високото образование кој што на ниеден начин не може да влијае на нарушување на автономијата на универзитетите бидејки се основа од основачот на државните универзитети. Основната цел на оваа мерка е подобрувањето на вкупниот квалитет на македонското високо образование во полза на студентите и на професорите. Не е добро ниту за студентите, ниту за државата да се произведуваат генерации на студенти кои формално имаат дипломи, но немаат суштинско знаење.

6. Со оваа иницијатива велиме „НЕ“ за бизнис интересите, профитерите и манипулациите во високото образование. Велиме гласно „НЕ“ за купените дипломи; „НЕ“ за оценките со протекции; „НЕ“ за нелојалната конкуренција во и меѓу факултетите и универзитетите, а големо „ДА“ за знаењето и за квалитетот во високото образование. Тоа е нашата мисија, но и нашата најголема обврска како одговорни чинители во високообразовниот систем. VIVAT ACADEMIA! VIVANT PROFESSORES!

28.12.2014 година, Скопје, Македонија

Во продолжение следуваат потписите на поддржувачите на иницијативата

Александар Климовски
Тања Каракамишева – Јовановска
Оливер Станков
Виктор Камилоски
Звонко Миленковиќ
Горан Кондов
Ирена Кондова
Ѓорѓи Зафироски
Јорданка Галева
Дане Бошев
Југослав Зибероски
Оливер Андонов
Методија Дојчиновски
Александра Стоилковска
Стеван Алексоски
Ратко Дуев
Зоран Спировски
Александар Чапароски
Илија Панговски
Перо Петровски
Венко Филипче
Маргарита Пенева
Александар Караѓозов
Надица Митреска
Елизабета Стојовска Јовановска
Михаел Груневски
Низаметин Сезаир
Јасминка Јошева
Вјолца Алији
Зоран Радиќ
Александар Туфекчиевски
Гино Стрезовски
Александар Симеонов
Влатко Неделковски
Драгослав Младеновиќ
Катерина Касапинова
Христина Рунчева Тасев
Милан Бошкоски
Јана Илиева
Владо Велкоски
Бона Бајрактарова
Ванчо Ѓорѓиев
Наташа Толеска Димитровска
Миле Босилковски
Крсто Гроздановски
Антонио Глигориевски
Горан Алексовски
Маја Софрониевска Главинова
Аце Миленковски
Родна Живковска
Зоран Ѓорѓески
Ирена П. Ристовска
Наташа Ристовска
Далиборка Блажеска
Зоран Ивановски
Сашо Кожухаров
Мијалче Ѓоргиевски
Сашко Граматниковски
Валентина Муцунска Палевска
Јулијана Петровска
Вера Бошковска
Бранко Стојановски
Еркан Балажи
Александар Стојановски
Андреја Мачкиќ
Горан Апостоловски
Дарко Каровски
Дејан Наковски
Марина Стојмирова
Христина Танеска
Наташа Сарџоска
Ангела Милошовска
Фани Матеска
Гордана Серафимовиќ
Магдалена Андоновска
Јово Ратковиќ
Оливера Декич
Саво Климовски
Александар Спасеновски
Драги Рашковски
Тимчо Муцунски
Владимир Божиновски
Иванка Додовска
Лазар Јовевски
Љубен Гугувчевски
Оливер Димитровски
Благоја Даштевски
И.Муратовска
Цветанка Бајрактарова Мишевска
Јулијана Николовска
Златко Георгиев
Владимир Поповски
А. Атанасовска
Орце Поповски
Александар Главинов
Тони Ѓоргиев
Драги Петрески
Југослав Ачкоски
Ненад Танески
Андреј Илиев
Зоран Цикарски
Живко Рамов
Невена Серафимова
Владимир Ивановски
Трајче Јанковски
Валентина Симонова
Никола Клетников
Јове Талески
Пеце Митревски
Томе Димовски
Божидар Миленковски
Љубиша Георгиевски
Мимоза Серафимовска
Валентина Божиновска
Христијан Мицкоски
Орце Симов
Радмил Поленаковиќ
Илија Тодоровски
Фанка Ристевска
Никола Димески
Весна Јаневска
Андон Чибишев
Владо Јаневски
Горан Велинов
Никола Смилков
Луси Караниколова Чочоровска
Нинослав Марина
Иван Бимбиловски
Устијана Р. Шишкоска
Махди Косрави
Дмитро Зубов
Карло Чула
Нираџ Гупта
Етиен Шнајдер
Атанас Христов
Горан Шибаковски
Јованка Дамовска
Мерсиха Исмајлоска
Весна Кумбароска
Иле Димитриевски
Дијана Цапеса Богатиноска
Анета Велкоска
Лина Милошевска
Гордана Речкоска
Никола Речкоски
Ристо Речкоски
Зоран Јошевски
Васко Речкоски Шикоски
Јордан Шикоски
Весна Ангелевска
Татијана Атанасова Пачемска
Јелена Лужина
Љупчо Кеверески
Ана Селамовска
Валентина Павлова
Наташа Накева Јаневска
Блаже Китанов
Сашо Коруновски
Наташа Паункоска
Александар Карадимче
Наум Тунтев
Мирјана Поповска
Билјана Капушевска
Анета Атанасовска Стојановска
Емилија Бајрактарова
Војо Андревски
Александра Андревски
Атанас Козарев
Билјана Ѓорѓиевска
Олга Тодоровска
Трајче Серафимовиќ
Емилија Велкова
Николина Здравевска
Розана Кацарска
Валентина Јовановска
Мирјана Коцева
Ацо Костовски
Тина Пржевска
Горан Никовски
Гордана Стојаноска
Саша Дуковски
Светлана Вељановска
Лазе Јаќимовски
Ѓорѓи Петерески
Бранко Павловски