[Инфографик] Земји кои најмногу придонесуваат за доброто на човештвото

Индексот на добри земји (Good Country Index) рангира 125 нации во тоа колку тие прават за развојот на човештвото, во седум области: наука и технологија, култура, меѓународен мир и безбедност, светско уредување, планета и клима, напредок и еднаквост и здравје.

Рангирањето е направено со соединување на 35 сетови на податоци добиени од организации како Обединетите нации, Светската здравствена организација и УНЕСКО, во период од три години, пишува The Economist.

Ирска, Финска и Швајцарија се земјите со најмногу поени според ова рангирање, а во врвот се уште и Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Британија. На листата, земји кои „прават најмалку добро“ за човештвото се: Либија, Виетнам, Ирак, Азербејџан и Ангола.

[Инфографик] Земји кои најмногу придонесуваат за доброто на човештвото