Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ќе прими претставници на Професорскиот и Студентскиот Пленум, информираа од Кабинетот на претседателот.
Иванов одговори позитивно на барањето на пленумите за средба, на која тие ќе ги образложат ставовите за предложените измени на Законот за високо образование. Средбата ќе се одржи во 16:00 часот.
Претставници на пленумите во неколку наврати го повикаа претседателот Иванов да стави вето на предложените измени и воведувањето државен испит во високото образование, со што според нив се загрозува автономијата на универзитетот.