Сибирското село Ојмјакон се смета за најстуденото населено место во светот. Таму температурите паѓаат под нулата уште во септември, а мразот се задржува до средината на мај. Во селото во Јакутската област, оддалечено над 8.000 километри од Москва, живеат 500 луѓе. Тешко е да се поверува дека некој би сакал да го посети ова место, каде температурите од 50 целзиусови степени под нулата се вообичаени во долгите зимски месеци. Но, новозеландскиот фотограф Amos Chapple сакал да истражи како живеат луѓето во вакви екстремни услови и направил серија фотографии кои ја претставуваат борбата на жителите со студот. Тие се приморани постојано да јадат смрзнато месо, ги оставаат автомобилите да работат 24/7 за да не замрзнат, а мораат и да ја греат земјата со големи огнови со денови пред да погребаат некого. Фотографиите на Chapple се објавени во магазинот Wired.
: