Академијата на средноевропски училишта (ACES) отвора нов циклус на натпреварување за прекугранични школски проекти и размена на ученици. Темата на овогодишниот конкурс за прекугранични школски проекти е „Да ја поттикнеме солидарноста: Да се грижиме за другите и да го споделиме она што го имаме!“
По осми пат Академијата ги повикува наставниците и учениците да осмислат и спроведат нови проекти, во соработка со меѓународни партнери. Предлозите на проектите можат да се испратат во периодот од 15 јануари до 15 април 2015 година.
Заинтересираните училиштата треба да пронајдат партнери од земјите од регионот на Централна и Југоисточна Европа и да го предадат предлогот на заедничкиот проект. Конкурсот е отворен за училиштата во земјите учеснички во проектот, а целната група се учениците на возраст од 12 до 17 години. Апликацијата за пронаоѓање партнерски училишта е достапна он-лајн, на официјалната веб страна на Академијата.
Меѓународно жири ќе ги одбере и ќе ги награди најдобрите идеи. На победниците ќе им биде овозможена и поддршка за реализација на прекуграничните проекти. Завршните средби на меѓународните делегации кои ќе ги претстават победничките проекти ќе претставуваат прилика и за размена на идеи и унапредување на образовниот процес.
„Сите луѓе се еднакви, но немаат сите еднакви можности. За жал, некои луѓе во животот се помалку жповластени од една или друга причина. Некои можеби имаат посебни потреби, живеат под границата на сиромаштија или се маргинализирани поради тоа кои се, од каде доаѓаат илиу поради нешто што им се случило во животот. aces тежнее кон создавање општества во кои луѓето се грижат едни за други, во кои луѓето не само што ги бараат своите права, туку се и свесни за авојата одговорност за доброто на сите. “aces ја промовира идејата за партнерство на еднакви основи и заедничка одговорност. Благодарение на меѓународниот карактер на оваа идеја, ги охрабруваме учениците и наставниците да размислуваат надвор од границите на своето непосредно опкружување. Стекнувањето пријатели од други земји и согледувањето на сопствената земја од поинаква перспектива го зајакнуваат критичкото размислување, емпатијата и солидарноста, а во исто време донесуваат и многу забава“, обкјаснува Робин Госејохан (Robin Gosejohann), менаџер на проектот на ЕРСТЕ Фондацијата.
ACES претставува проект кој го почна ЕРСТЕ Фондацијата на полето на едукација, а за координација на иницијативата се задолжени австриската организација Интеркултурен Центар и словачкото здружение „Вчели дом“. Оваа школска мрежа е активна од 2006 година во цела Средна и Југоисточна Европа, а основна цел е на работењето е унапредување на размената и културен дијалог меѓу младите. Во мрежата се вклучени 15 држави од регионот на Централна и Југоисточна Европа, со поддршка на министерствата за образование. До сега повеќе од 25.000 ученици и 3.600 наставници учествувале во програмата на Академијата.
Македонија е дел од оваа прекугранична мрежа од 2009 година и до сега во програмата учествувале 23 училишта. Земји учеснички во проектот се : Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Македонија, Молдавија, Романија, Чепка, Словачка, Србија и Косово.