Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објавува конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2014 година.
Конкурсот е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во медиумите во Македонија во текот на 2014 година, како и за оние новинари и редакции кои сакаат да пријават добра истражувачка сторија подготвена и/или објавена од колеги-новинари или од други редакции.
Не постојат ограничувања во однос на бројот на сториите со кои еден новинар или редакција можат да учествуваат на конкурсот.
Авторите на најдобрите истражувачки стории ќе добијат парични награди во износ од:
-30.000 денари за првонаградената сторија;
-20.000 денари за второнаградената; и
-10.000 денари за третонаградената сторија.
Апликантите треба да достават по пет примероци од објавените стории. Аудиовизуелните стории треба да бидат испратени на це-де, а оние објавени во печатот или во електронските публикации – во оригинал или како копии.
Конкурсот е отворен до 6 февруари (петок) 2015 година, а апликациите може да се испраќаат:
– По пошта: Македонски институт за медиуми, Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје
– По електронска пошта: mim@mim.org.mk
– Или лично да се достават во МИМ
Критериумите за избор на најдобрите истражувачки стории се достапни овде.
МИМ ја доделува Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината редовно од 2001 година, со цел да го поттикне и поддржи истражувачкото новинарство, кое се смета за врвно новинарско достигнување и значаен елемент во зајакнувањето на демократијата во секое општество.
Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на: 02/ 30 90 144; и mim@mim.org.mk