Универзалниот преведувач Google Translate од денеска е ажуриран, така што ќе може да го детектира јазикот симултано, за време на разговор меѓу лица со различно потекло.
Откако ќе се одберат двата јазика на кои се зборува и без потреба рачно да се променат, разговорот би одел поприродно.
Ажурирањето на Google Translate вклучува и Word Lens што овозможува симултано преведување на пишан текст. Претходните верзии бараа од корисниците да го сликаат текстот и да означат кој дел од текстот сакаат да го преведат. Word Lens значи дека единствено што треба е да се држи телефонот, така што текстот ќе биде видлив на екранот и апликацијата ќе го преведе зборот.
Оваа апликација работи и без интернет. Визуелните преводи функционираат на англиски, француски, германски, италијански, португалски, руски и шпански. За другите јазици, корисниците ќе треба прво да го сликаат текстот.
Новите функции се достапни за iOS и Android верзиите на Google Translate.