Google сака возилата на автономен погон да се користат за пет години

Google сака автомобилите кои возат без потреба од возач да бидат подготвени за производство во 2020 година, а во тоа ќе се вклучат најголемите производители на автомобили, објави Mashable.

Компанијата своето производство го фокусира во Сан Франциско, Детроит и Мичиген. Прототипите ќе почнат да се тестираат оваа пролет во Калифорнија каде на компанииите ќе им биде дозволено да ги пробаат автомобилите без возач.

Google веќе го претстави својот „прв вистински изграден“ автомобил без возач, но според директорот на овој проект, Крис Урмсон, ова е далеку од она што технологијата на возила на автономен погон ќе наликува.

За сега, цените за создавање на еден ваков автомобил остануваат многу високи. Само за делови на интегрален сензор се потребни 70 000 долари, така што компанијата во иднина ќе гледа на тоа како би можел овој производ да биде достапен за секој.