Nick Koenig или познат како Hot Sugar, создава dreamy pop музика за опуштање. Овојпат, во неговото најново видео за „Not Afraid to Die“ тој прикажува каков го замислува животот на едно дете чиј единствен прозорец кон надворешниот свет е интернетот.
Преку својот концепт, Koenig има за цел да прикаже како би изгледало кога модерно дете е изолирано во својата соба и страда од здодевност и депресија.
„Светлината од неговиот десктоп ја замени светлината на сонцето“, вели Koenig додавајќи дека овој простор предизвикува детето да се наоѓа помеѓу илузија и реалност.
„Not Afraid to Die“ ќе излезе во новиот албум на Hot Sugar, „God’s Hand“, на 24 февруари.
Извор: Wired