Канадските пасоши кои се во употреба од средината на 2013 имаат необично својство – навидум обичните страници на патната исправа под ултравиолетова светлина откриваат скриени интересни слики во разни бои.
Сликите, во кои се претставени мотиви од канадската природа и историја, заедно со биометрискиот чип, се оригинален начин за заштита на пасошот, вака дизајниран за да се спречи фалсификување на патната исправа.