Британскиот електронски бенд The Prodigy објави уште еден сингл од претстојниот албум „The Day Is My Enemy“, кој излегува на 30 март. Насловната нумера е уште една најава за новото издание која открива дека звукот на групата и натаму ќе се движи во нејзиниот карактеристичен стил, кој ја вивна меѓу легендите на електронската музика.