22 по ред организирано возење велосипеди по улиците на Тетово во организација на неформалната група ТетовоНаТочак ќе се одржи оваа сабота (31 јануари), под мотото „Велосипед за почист воздух!“.
„Сите сме сведоци на големото загадување на воздухот кој сме приморани да го дишеме секојдневно. Градскиот сообраќаен хаос придонесува за тоа уште повеќе. Наша цел е да бидеме дел од решението, а не дел од проблемот. На 31 јануари, од 14 часот од градскиот плоштад во Тетово ќе ја извозиме 22-та по ред Критична маса со критички осврт кон загадениот воздух. Доколку сакаме промени, потребно е да тргнеме од себе“, велат организаторите.