Кој штрајкува, а кој им подлегна на притисоците, што се случува во средните училишта, кои се синдикалните барања, но и кога ќе се нормализира наставата? Ова се мал дел од прашањата за кои ќе се разговара на дебата во Радио МОФ посветена на генералниот штрајк во образованието кој почна минатата седница.
Гости во студиото на Радио МОФ се претседателот на СОНК, Јаким Неделков, професорот Ружди Ибраими од средното училиште „Зеф Љуш Марку“, како и професорот Душко Стојановски од гимназијата „Орце Николов”.
Водител на дебата е новинарката Јасмина Јакимова.