Битолски земјотрес – Фестивал на независна музика

На 21 февруари со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура – Битола ќе се одржи Фестивалот на независна музика – Битолски земјотрес.

Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од Направи Заедно, 69 Records и ПМГ Рекордингс, тоа е потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена.

Токму таа сцена е единствената во Македонија која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство. Фестивалот во Битола е организиран од Центар за култура Битола во соработка со ПМГ Рекордингс, 69 Рекордс и Акто Музика.

Настапуваат:
The John (official)
Parketi
PMG Kolektiv
Noviot Pochetok
The Government
Spank
Kanton6 + Demek
Saso Recyd
Mirko Popov
Galatheia
Dejan Dex
Mile Grozdanovski

Повеќе информации за настанот на следниот линк.