Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ организираат дебата на тема „Активизмот и маргинализираните заедници во Македонија”. На дебатата ќе се дискутира за активизмот на лицата кои употребуваат дроги и ЛГБТИ заедницата.
Ќе се дискутира за иднината на активизмот на маргинализираните заедници, развојот на активизмот во Македонија, дали маргинализираните заедници се замолчени и кои се ограничувачките фактори за активизам на маргинализираните заедници.
На дебатата ќе зборуваат: Жарир Симрин, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Влатко Деков, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Ирена Цветковиќ, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Славчо Димитров, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Дебатата ќе се одржи во четврток (05.02)во 19:00 часот, во просториите на Автономниот Културно Социјален Центар, на ул. „Борка Талески“ 26, 1000 Скопје.