Зачувувањето на фајловите преку Dropbox е погодно за пристап до нив од каде било, но тоа што мора при секоја ревизија да се прикачуваат фајловите знае да биде тешко. За да се олесни тоа, Dropbox воведе нова опција која овозможува фајловите директно да се отворат во нивните десктоп апликации.
Ова значи дека ако некој линкува до документ, прво може да се прегледа преку интернет пребарувачот, а потоа може да се кликне на новото копче „Open“ за да се отвори фајлот во својата десктоп апликација.
Корисниците не мора да симнат дополнителна копија или да направат повеќе верзии. Еднаш штом ќе се уреди фајлот, тој автоматски ќе се синхронизира со оригиналот. Google пак, го претстави новото продолжение на Chrome extension во ноември за Drive кој обезбедува слични функции.