Глетките, звуците и мирисите на болниците можат да ги ги направат овие места застрашувачки, посебно за малите деца. „Vital Arts“ е британска уметничка организација која реши да ги промени овие работи со тоа што ја внесува уметноста во болниците во Велика Британија. Како резултат на соработката на 15 уметници, внатрешноста на детската болница „London Royal Children’s Hospital“ стана забавно и шарено место.
И покрај ограниченоста на уметниците од правилата во болничката средина која треба да биде лесна за чистење, тие сепак имале можност да користат винил, керамика, дрво за да ги разубават одделенијата во болницата. Погледнете ги фотографиите од нивната работа кои ги објави порталот „Bored Panda“.
Траума и гастроентерологија – Morag Myerscough
Хематологија – Donna Wilson
Педијатрија, простор за краток престој и дијагноза – Chris Haughton
Пулмологија – Miller Goodman
Лифтот во детската болница – Katharine Morling
Детските болнички соби – Doran
Интензивна нега на педијатрија – Tord Boontje
Дневен престој – Cottrell and Vermeulen and Morag Myerscough