Европското здружение на студентите по право на РМ (ЕЛСА) ја претстави Летната школа што ја организира ЕЛСА Сараево од 23-30 јули. Оваа година темата го опфаќа медиумското право и влијанието на медиумите во вооружени конфликти.
Организаторите најавуваат интересна содржина и социјална програма подготвена од професионални предавачи кои имале искуство во известување од војна.
Повеќе информации за темата и предавачите, како и пријавата се достапни на овој линк.
Краен рок за аплицирање е 15 мај.