Во последните седум децении, рок музиката драстично се промени. Од експлозијата на популарноста на Elvis Presley, преку кусиот период на опсесијата со hair metal бендовите во 80-те, до денешните пермутации на гитарската музика, рокенролот конзистентно ги дефинира културните промени и еволуции на модерната музика.
Овој инфографик ги оретставува карактеристиките, но и стереотипите за рок музиката во последните 65 години. Секоја декада поседува уникатен идентитет – од песните за протест против војната во 60-те и 70-те, до гранџ сцената во 90-те, прикажани се промените, но и заедничките нишки на рок музиката.