[Галерија] Студентите се подготвуваат за преноќување на Машински и ФЕИТ

Полн амфитеатар студенти вечерва на Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии го следеа предавањето на професорот Зоран Ивановски, насловено „3D компјутерска визија“.

[Галерија] Студентите се подготвуваат за преноќување на Машински и ФЕИТ

Првото стручно алтернативно предавање е дел од активностите на #АвтономнаЗона и Студентскиот Пленум, бидејќи како што велат студентите, окупацијата не значи борба против знаењето, туку e еден од можните начини на искажување на револт.

[Галерија] Студентите се подготвуваат за преноќување на Машински и ФЕИТ

Холот на факултетот е местото за дневен престој, каде има и импровизирана кујна. Предвидено е студентите да преспијат во читалната на Машинскиот факултет, која ја прилагодуваат за нивните потреби.

[Галерија] Студентите се подготвуваат за преноќување на Машински и ФЕИТ

[Галерија] Студентите се подготвуваат за преноќување на Машински и ФЕИТ

„Се уште не знаеме точно, но се очекува да преноќат околу триесетина луѓе вечерва на факултетот“, изјави студентот Томислав Тодоровски.

[Галерија] Студентите се подготвуваат за преноќување на Машински и ФЕИТ

Студентите велат дека на техничките факултети голем број граѓани во текот на целиот ден доставиле многу храна, ќебиња, вода и други производи, па затоа вечерва ќе биде направен инвентар за да се направи преглед дали имаат потреба од други донации.

[Галерија] Студентите се подготвуваат за преноќување на Машински и ФЕИТ

„Окупацијата ќе продолжи додека не видиме дека она што е ветено навистина ќе се исполни, и очекуваме да се формираат тие работни групи кои ќе работат на изработка на комплетно нов закон за високо образование“, изјави еден студент од овој факултет кој сакаше да остане анонимен.

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека тие предлагаат првата средба на работните групи да се одржи во понеделник. Предвидено е работните групи кои ќе работат на подготовка на нов Закон за високо образование, да бидат составени од студенти и професори од пленумите, претставници на УКИМ и претставници на МОН.

K.O.