Иранскиот режисер Џафар Панахи е добитник на главната награда „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал за неговиот филм “Такси”. Во филмот игра таксист од Техеран кој го доловува духот на иранското општество преку неговиот разговор со патници.
Но, на режисерот не му беше дозволено да допатува од Техеран за ја прими наградата поради ограничувањата на иранската влада. Затоа, неговото семејство ја зеде неговата награда.
Една од наградите за најдобар режисер отиде кај полската режисерка Малгоржата Сцумовска за филмот „Тело”. Романскиот режисер Раду Јуде ја делеше „Сребрената мечка“ за најдобар режисер со неа за филмот „Аферим“. Големата награда од жирито отиде кај филмот „Ел клуб” од чилеанскиот режисер Пабло Ларен.
Извор: euronews.com