Студентите активисти од студентското движење за еднаквост – „Студирање, Критика и Акција“ од Приштина испратија порака за солидарност и поддршка со постапките и барањата на студентите од „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
„Порастот на школарината, технологизација на образованието, напредокот во контролата и цензурата од моќниците, се фактори кои што му штетат на универзитетот и универзитетскиот живот во Косово, како и во другите земји од светот водени по неолибералниот систем. Како и да е, отпорот против овие ограничувања создаде причини поради кои студентите мора да се обединат. Во овој контекст, студентската окупација на универзитетот, која што е блокирана од неолибералните политички линии, е всушност ослободувањето на универзитетот и барање и обврска на студентите“, велат студентите од Косово.
Според нив, неолибералните закони кои што делумно си ги штитат интересите на трошок на народот доаѓаат од авторитетните сили.
„Овие сили разбираат само еден јазик: отпор и одлучност. Преку отпор и истрајност, вашето барање за автономија ќе прерасне во дело. Само напред“, порачуваат студентите од ова движење.