„Прогласена е #АвтономнаЗона на Технички факултет Битола! Доаѓајте!“, повикаа попладнево битолските студенти кои го окупираа Техничкиот факултет револтирани поради воведувањето државен испит и носење на измените во Законот за високо образование без дебата и учество на студентите.
Од Студентскиот пленум УКЛО соопштија дека се обезбедени храна и пијалаци за секој студент кој сака да се приклучи во автономната зона.
*Фотографиите се преземени од Фејсбук страницата на Студентски пленум УКЛО