Операта „Набуко“ вечерва во МОБ

Македонската опера и балет вечер ќе ја изведе популарната опера на Џузепе Верди „Набуко“, во која ќе настапи домашна екипа, под диригентство на Бисера Чадловска.

Насловната улога ќе ја игра Ристе Велков, Павлина Новакова-Георгиев ќе го толкува ликот на Абигаила, Зоран Сотиров ќе настапи како Исмаел, Ирена Кавкалевска ќе ја игра Фенена, а во улогата на Захарие ќе биде Владимир Саздовски.

Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски.