Наставници, членови на Наставнички пленум, вечерва ќе преспијат во автономната зона на Универзитетот „Свети Климент“, во знак на поддршка на студентите кои пет дена, во тешки услови и без греење, го окупираат Техничкиот факултет, протестирајќи против владините реформи во високото образование, соопшти Студентскиот пленум на УКЛО.
Во исто време, студентите-пленумци ги повикуваат сите заинтересирани да ја проследат денешната програма во автономната зона, која вклучува предавања од Билјана Гинова, Наташа Чавдаровска, проф. д-р Горан Биџовски и д-р Илиос Вилос.