Објавен е конкурсот за македонскиот демофестивал „Т’к Так Фест“, кој годинава ќе се одржи по четврти пат, а на него може да се пријават сите млади бендови од земјава.
Бендовите ќе се натпреваруваат за наградата „Трајко Каров“ која се доделува за најдобар тапанар и ќе изнесува 30.000 денари. Во наградите е вклучено и снимање во професионалните студиа.
Заинтересираните треба да поднесат кратка биографија за бендот, линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен youtube канал, а должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути, како и читлив текст на песните со кои се аплицира.
Конкурсот ќе трае до 17 јуни, а материјалите може да се испраќаат на e-mail адреса:tk_tak_fest@yahoo.com.