Инфографикот кој го направи агенцијата за односи со јавност Prohibition PR ги претставува правилата за големината на фотографијата и текстот на поединечна платформа.
На пример, корисниците на Facebook можат да поставуваат насловни фотографии (851 x 315 px), фотографии на профил (180 x 180 px), додека пораките можат да достигнат до 255 карактери, а статусот и од 63 206 карактери.
Инстаграм пак, претставува платформа ориентирана кон фотографиите користејќи помала големина на сликите која се движи од 40 x 40 px до 110 x110 px за фотографија на профилот.
На инфографикот се прикажани и останатите платформи како што се Google+, LinkedIn, Pinterest, Snapchat, Tumblr, Twitter, Vine, и Vimeo.