Во четврток (5-ти март), со почеток од 19:30 часот, во кафе СОТО ќе се одржи изложба на нов авторски мебел. Колекцијата GARBO е дизајнирана од архитектите Маја Икономова и Ема Николова, а соработката е резултат од идејата да се создаде парче мебел инспирирано од старите вредности со нови матерјали.
Во линијата GARBO се презентираат пет парчиња мебел, секое со своја приказна. Уникатноста е приоритет, со што секое парче има личен и единствен белег со рачен цртеж. Дизајнот претставува желба да се претстави македонски производ дизајниран и изработен од домашна клапа, велат авторките.
„Приказната е составена од неколку актери. Едниот го прати линијата на дизајнот, другиот материјализаицјата…еднио
Ема Николова е дипломиран инженер архитект. Изминатава година се претстави со првата дизајнерска колекција на мебел „trikoN„. Потоа следуваше „trikoN white“ и организација и учество на мултимедијалната изложба Design is FUN. Овој проект е во соработка со Маја Икономова, дипломиран инжинер архитект, со неколку годишно искуство во областа на архитектурата и ентериерот. За прв пат се претсавува со колекција која е достапна за целокупната јавност.