Американскиот инди музичар Chazz Bundick, попознат под името Toro Y Moi објави уште една песна, дел од албумот „What For?“, кој ќе излезе на 7 април за издавачката куќа Carpark Records.
Албумот, кој содржи десет песни, според зборовите на музичарот, е снимен во неговиот дом, а тој претставува збир на песни од „електронски R&B звук, како и традиционален R&B“. Претходно, Toro Y Moi го објави првиот сингл од новотo издание, „Empty Nesters“, за кој е изработен и видеоспот.