15 години по премиерата на The Sopranos, серија која нашироко се смета за најдобра во модерната телевизија, Тони Сопрано и натаму е култен лик, кој стана неразделив дел од урбаниот фолклор.
Но, во меѓувреме се случи своевидна ренесанса на форматот на ТВ-сериите, а тие во последните години сериозно му конкурираат на Холивуд и неговите филмови, во популарноста и особено во квалитетот и содржината. Yahoo! направи листа на 99 најдобри телевизиски ликови по Тони Сопрано, од која пренесуваме избор, во два дела.
Richard Harrow, Boardwalk Empire
Можеби изгледа страшно, но под неговата сурова надворешност се крие нежна душа. Многу сликовити ликови загинаа во Boardwalk Empire, но ниту една смрт не беше трогателна како онаа на Richard.
Nero Padilla, Sons of Anarchy
Се појави во петтата сезона и набрзо стана еден од најизградените ликови во епската моторџиска сага, благодарение, меѓу другото, и на одличната изведба на Jimmy Smits.
Lorne Malvo, Fargo
Ладнокрвниот, безмилосен платен убиец со смешна фризура, кој има извонредна способност за маскирање, е маестрално одигран од искусниот Billy Bob Thornton, во телевизиската верзија на култниот филм на браќата Cohen.
Dexter Morgan, Dexter
Сведоштвото на смртта на неговата мајка му всади желба за убивање, но не му го разниша цврстиот морален код – Dexter Morgan е еден од првите антихерои на модерната телевизија, а сигурно е и меѓу најголемите.
Daryl Dixon, The Walking Dead
Не се истуширал цели пет сезони. Не зборува многу, а немал љубовен интерес за никого. И покрај сето ова, Daryl е еден од најомилените борци против зомби-опсадата на планетата. Во стариот свет тој бил отпадник од системот, во новите, страшни услови, неговите способности и пожртвуваноста се она што е важно.
Claire Underwood, House of Cards
Балансирајќи извонредно меѓу ликовите на феминистка-воин и женски социопат, покажувајќи дека може да се најде иво двете улоги, Robyn Wright во само три сезони успеа да го создаде еден од највпечатливите модерни телевизиски ликови.
Arya Stark, Game of Thrones
Вистинските херои се ретки во Game of Thrones – принципиелноста таму се наградува со брза и брутална смрт. Но, Arya покажа дека може да биде херој – поголемиот дел од нејзиното семејство е мртво, а таа мора да помине многу време опкружена со луѓето кои и ги убија најблиските. И покрај ова, таа ја задржа својата чест и остана верна на својата природа.
Jesse Pinkman, Breaking Bad
Jesse требало да биде убиен во првата сезона од хит-серијата, но неговата популарност како лик, заедно со одличната изведба на Aaron Paul го внесе меѓу легендите. Трагичен, но сакан лик, кој секогаш го влече најдебелиот крај, иако очајнички посакува помалку деструктивен живот.
Mort/Maura Pfefferman, Transparent
Во својата трета, но веројатно најдлабока голема телевизиска улога, Jeffrey Tambor игра пензиониран универзитетски професор, кој на стари години решава конечно да стане жена и да ја пронајде смислата и исполнетоста. Како маж, тој бил несреќен и отсутен, но како жена, Maura е нежна и полна со разбирање за многуте проблеми на своите деца.
Galina “Red” Reznikov, Orange Is the New Black
Поранешната советничка на руската мафија сега е готвачка во затворката кујна, но и многу повеќе од тоа – не само цврста и понекогаш безмилосна, туку и емотивна и лојална.
(продолжува)
Погледнете ги комплетните листите на најдобри телевизиски ликови од 60-99 место, на следните линкови: 1 2 3 4