Десет книги раскажани од убијци

Во оваа листа од десет популарни книги, дејството го раскажуваат убијци – или во тоа барем писателите сакаат да не убедат. Иако во листата има мали „спојлери“, овие книги се вредни да се прочитаат, меѓу другото и за да откриете дали раскажувачот навистина е убиец.

Лолита“ (1955)- Владимир Набоков

Humbert Humbert, нараторот, е обвинет за убиството на Clare Quilty, затоа што таа ја оддалечува Лолита далеку од него. Иако книгата не претставува традиционален трилер, таа е еден од највозбудливите романи на 20-от век.

10 книги раскажани од убијци

The Soft Touch“ (1981) – John D. MacDonald

Стар воен другар наминува и му нуди начин за излез од досадниот живот на нараторот Jerry Jamison. Последното поглавје е едно од најмрачните, најстудените краеви на книга што некогаш сте ги прочитале.

Десет книги раскажани од убијци

Laura“ (1942) – Vera Caspary

Еден од најдобрите примери на детективски романи од 40-те години на 20-от век. Се менуваат неколку наратори кои раскажуваат приказна за убиството на млада жена. Caspary извонредно ги владее раскажувачките стилови.

Десет книги раскажани од убијци

Double Indemnity“ (1943) – James M. Cain

Филмската верзија на Billy Wilder е еден од најголемите американски филмови, а ако имате во план да ја читате книгата, подгответе се за многу различен и вознемирувачки крај.

Десет книги раскажани од убијци

Gone Girl“ (2012) – Gillian Flynn

Книгата наизменично ја раскажуваат двајца неуверливи раскажувачи што се менуваат. Читателот не може да разбере ни дали се случило убиството, а не кој е убиецот. Филмската верзија е исто така добра.

Десет книги раскажани од убијци

Endless Night“ (1967) – Agatha Christie

Кон крајот на романот има повеќе психолошка неизвесност отколку класичното „кој е убиецот“. Има романса, циганска клетва, се разбира, убиство.

Десет книги раскажани од убијци

The Murder of Roger Ackroyd“ (1926) – Agatha Christie

Книгата која ја постави лансираше Agatha Christie меѓу ѕвездите на жанрот е типична приказна за селско убиство, се издвојува по паметните наративни трикови.

Десет книги раскажани од убијци

Tough Guys Don’t Dance“ (1984) – Norman Mailer

Писателот-алкохоличар Tim Madden се буди и наоѓа крв на седиштето во автомобилот, тетоважа на која не се сеќава и отсечена глава. Mailer се забавувал со приказната, која е во стилот на „pulp“ романите.

Десет книги раскажани од убијци

The Killer Inside Me“ (1952) – Jim Thompson

Нараторот е шериф на мал град со име Lou Ford, а тој е психопат и садист. Вознемирува тоа што Lou знае кој е, но тоа не му пречи.

Десет книги раскажани од убијци

Darkly Dreaming Dexter“ (2008) – Jeff Lindsay

Романот беше адаптиран како хит-серија во осум сезони на „Showtime“. Dexter е сериски убиец, кој лови други сериски убијци – комплексен, уникатен и прилично смешен лик.

Десет книги раскажани од убијци