На градскиот плоштад во Прилеп, ученици и наставници од средното училиште „Орде Чопела“, го организираа јавниот перформанс „Хајд парк“, пишува Безомразно.мк, а денеска беше објавено видеото кое го документира нивниот настап.
Ова е првиот од серијата групни јавни перформанси што се организираа во изминатите неколку недели ширум цела Македонија, како дел од конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза”.
Во прилог, видео од јавниот перформанс: