Британската влада ќе им доделува по 15.000 фунти (над 22.000 евра) на млади луѓе кои ќе се одлучат да студираат математика или физика, а условот е да тие по дипломирањето да ги предаваат овие предмети три години.
Предлогот на конзервативната влада на премиерот Дејвид Камерон предвидува оваа специјална стипендија да ја добијат средношколците најдобри во математика и во физика, а причината за ваквиот владин потег е се поголемиот број работници во техничко-технолошкиот сектор. Предлогот се очекува да биде усвоен денеска.
„Сакам да ја направам Британија најдоброто место за изучување на математика и физика, и поради нашата растечка економија, имаме јасен план да ги создадеме најдобрите наставници за ова да се случи“, изјави премиерот Камерон.
Планот ќе биде тестиран на десет универзитети од академската 2016/2017 година, заедно со програма за преквалификација на луѓето да станат наставници по математика и физика.
Владиниот предлог наиде на отпор кај дел од образовните синдикати, откаде изнесуваат податоци дека има недостаток не само од професори по математика и физика, туку и по англиски, како и по некои од незадолжителните предмети.