Кубанците за првпат после 15 години ќе можат директно да комуницираат со САД. Државната компанија за телекомуникации на Куба „Etsecsa“ соопшти дека двете земји се согласиле повторно да воспостават телефонска врска, пишува BBC.
Ова е прв потпишан договор помеѓу двете земји, откако во декември се договорија дека ќе одржуваат меѓусебни дипломатски врски. Поранешните ривали во студената војна изјавија дека планираат да овозможат патувања и трговија, како и повторно да воспостават амбасади во нивните земји.
Сега за сега, земјите ќе отворат само телефонски линии. Пред овој договор за повици, за јавување од САД во Куба или обратно повиците одеа преку трета земја а тоа ги правеше многу поскапи.
„Повторното воспоставување на директна телефонска линија помеѓу САД и Куба, придонесува за обезбедување на подобра инфраструктура и подобар квалитет на комуникација меѓу луѓето и нашите две земји“ –велат од Etsecsa.
Една од клучните причини САД да работи на повторно воспоставување на односите со Куба е проширување на телекомуникациите на островот, особено на интернетот. Многу малку кубанци имаат пристап до интернет во своите домови, а според извештаите стапките по интернет кафулињата се многу високи. Овој првичен договор за директна телефонска линија нема многу да влијае врз интернет пристапот, но тоа се очекува да се постигне со подобрување на инфраструктурата.
Извор: Independent