Здружението Млади европски федералисти – Македонија организира панел дискусија насловена „Кадија те тужи, кадија те суди”, која ќе се одржи во среда (18.03) со почеток во 17:30 часот.
„Каква ни е состојбата со судстството? Што бара ЕУ, а што нудиме ние?“, ова се дел од прашањата кои ќе бидат отворени на дебатата каде како панелисти ќе гостуваат Томислав Кежаровски, Малинка Ристевска Јорданова и Мирослав Вујиќ.
Радио МОФ прави видео пренос во живо од дебатата: